Планови за затворање и за рекултивација на просторот Печати

Експертскиот тим на Рудплан обезбедува услуги за исполнување на барањата кои се однесуваат на плановите за затворање и рекултивација на просторот на рудникот во индустријата за рударство и подготовка на минерални суровини.

Рудплан може да обезбеди техничка помош за клиентите за подготовка на план за затворање и рекултивација на просторот на рудникот врз основа на упатствата на Министерството за економија за рекултивација на простор на рудник или врз основа на било кои други одобрени упатства од владини институции.

Услуги:

  • Опции за корекција и дефиниција на трошоците за рекултивација и подготовка на финални планови за затворање;
  • Управување со проектирањето на обновувањето на просторот, дизајнот и конструкцијата;
  • Управување со конструкцијата/демонтажата;
  • Управување со инженерингот и конструкцијата за имплементација на техниките за обновување на просторот;
  • Контрола и мониторинг на животната средина.