Системи за управување со животната средина Печати

Системите за управување со животната средина (ЕМЅ) претставуваат примена на системи за квалитет кај прашањата поврзани со животната средина. Индустриите за рударство и за ПМС веќе ги интегрираат специфичните работи поврзани со прашањата за животната средина во нивниот вкупен систем за управување.

Рудплан има развиено знаење за обезбедување техничка помош во интерпретацијата и имплементацијата на солиден Систем за управување со животната средина (ЕМЅ) во рударската индустрија. Тимот на Рудплан ќе и помогне на индустријата во поставувањето на основите за ЕМЅ за да се обезбеди вклучување на сите релевантни фази на процесот (проектирање, имплементација, одржување и преглед) и нивно поврзување со меѓународните стандарди.

Услуги:

  • Првична ревизија на животната средина (идентификација на важечки закони и прописи, идентификација на влијанија врз животната средина, идентификација на тековните практики и процедури, итн.);
  • Техничка помош за воспоставување политики и процедури поврзани со ЕМЅ;
  • Техничка помош за воспоставување програми за управување за постигнување на политиката за животна средина на организацијата, задачи и цели;
  • Потврда на тековните ЕМЅ и одредување на потребните модификации за да може да се доведе ЕМЅ до меѓународните стандарди.