Рудплан - Вашиот партнер во рударскиот бизнис

Физибилити студии PDF Печати Е-пошта

Рудплан работи со тимот на клиентот за подготовка на физибилити студии.  Физибилити студијата генерално се дефинира како последен чекор во инженерските студии за проценка на рударскиот проект за одлуката „старт/не-старт“ и за целите на финасирањето. Студијата за влијанието врз животната средина и за социјалното влијание генерално се поднесува до владините институции кога изработката на физибилити студијата е веќе при крај.

За да се процени економската рентабилност на проектот, мора да се обрне внимание на следните компоненти:

  • Минерални ресурси и минерални резерви;
  • Рударски методи;
  • Темпо на откопување, дробење и мелење
  • Проектирање на рудникот и животен век на рудникот;
  • Прашања поврзани со животната средина и напредок на студиите за животната средина;
  • Геотехнички студии;
  • Студија на пазарот;
  • Проценка на капиталните трошоци;
  • Проценка на оперативните трошоци;
  • Финансиска и чувствителна анализа;
  • Анализа на ризикот.